Terms of Use

Добредоjдовте на Kafic.mk (Кафич). Кафич Ви овозможува користење на содржините и услугите под следниве услови. Условите за користење се применуваат на сите содржини и услуги. Правата и условите за користење на овој сајт ги определуваат односите помеѓу Корисниците на сајтот kafic.mk и Кафич kafic.mk.
Кафич ги задржува авторските права на сите свои сопствени содржини (текстуални, визуелни, база на податоци и програмски код). Неовластеното користење на било коj дел без дозвола од Кафич (сопственик на авторските права), се смета за кршење на авторските права на сопственикот и се одговара по законот за авторски права.


Општи услови


  • Корисник е лице кое се има регистрирано во сајтот kafic.mk со корисничко име и лозинка со пополнување на формуларот за регистрација.
  • Корисникот се согласува со правата и условите за користење на сајтот kafic.mk со маркирање на полето “* Се согласувам со правата и условите за користење на овој сајт!”.

    Право на промена на содржините и услугите


  • Кафич го задржува правото за промена или укинување како привремено така и трајно, на било која содржина или услуга, без обврска претходно да го најави тоа.
  • Кафич се состои од сопствени содржини, содржини од огласувачи, бесплатни содржини и содржини креирани по идеја на корисниците и од самите корисници. Сите тие ги користите на сопствена одговорност и Кафич не може да се смета одговорен за било каква штета настаната од користењето.

  • Заштита на приватноста


  • Кафич ја почитува приватноста на своите корисници и посетители. Податоците од процесот на регистрирање и останатите податоци за корисникот, Кафич нема да ги дава на увид на трети лица.
  • Кафич се обврзува дека ќе ја чува приватноста на корисниците, освен во случај на кршење на правилата или во случај на незаконски активности од страна на корисникот.

  • Обврски на корисникот


  • Корисникот нема право да објавува, коментира и разменува содржина и да испраќа испраќа пораки кои ги кршат македонските или меѓународните закони, содржина која е навредлива, вулгарна, заканувачка, расистичка или шовинистичка.
  • Корисникот нема право на лажно претставување, односно претставување во име на друго правно или физичко лице.
  • Корисникот нема право да објавува, испраќа и разменува содржини кои се заштитени со законот за авторски права.
  • Корисникот нема право да манипулира со идентификаторите со цел да се прикрие потеклото на содржината која се објавува или испраќа преку услугите на Кафич.
  • Корисникот се обврзува да не испраќа слики на кој не се гледа неговото лице, слики на фотомодели, глумци, познати личности, слики со сексуална насоченост, колажи, фотомонтажи, домашни љубимци, карикатури, слики со авторски права и групни слики, слики на кои се гледа оружје, слики на кои се прикажува употреба на дрога и други наркотични средства, слики кои имаат адреси или лога на други сајтови, па и на prijateli.com.mk.
  • Корисникот дава право на Кафич да го го претставува пред трети лица на територијата на Р.Македонија и во странство како рекламно лице на сајтот kafic.mk
  • Корисникот дава право на Кафич да ги користи сликите и другите податоци кои ги има воведено во сајтот kafic.mk за свои цели.
  • Корисникот декларира и гарантира дека има полно и неограничено право да ги воведе сликите во сајтот за јавно користење во сајтот и за рекламни цели на самиот сајт.
  • Корисникот декларира дека нема да бара никаква одговорност за директни, индиректни, случајни, специјални, метеријални, морални и какви и да се други штети настанати од користењето на сајтот kafic.mk од Кафич.
  • Корисникот носи целосна одговорност за дејствијата извршени со користење на неговото корисничко име и лозинка.
  • Корисникот се задолжува да не испраќа рекламни, комерцијални и SPAM пораки до другите корисници од сајтот користејќи го софтверот на Кафич.
  • Корисникот се задолжува да не го користи сајтот kafic.mk за проучувања, конкурси, натпревари, игри, SPAM, рекламни пораки, барање на персонал или испраќање на несакани или навредливи пораки.
  • Корисникот е должен да ги воведе точно бараните податоци и истите да бидат вистински.
  • Корисникот нема право да создава лажни профили кои не го покажуваат неговиот вистински идентитет.
  • Корисникот се задолжува да се придржува кон сите закони и одредбите од истите и е одговорен за своите дејствија кои произлегуваат од користењето на сајтот kafic.mk.
  • Корисникот се задолжува да не публикува, распространува или популаризира навредливи или незаконски материјали или информации.
  • При регистрирањето во Кафич корисникот е задолжен да помине преку постапката за регистрирање, да ги внесе вистинските податоци и да одбере корисничко име и лозинка.
  • За објавувањето на содржини (коментари, слики и друго) под некое корисничко име, одговорен е исклучиво корисникот кој го користи.
  • Корисникот се согласува дека сликите, коментарите и останатите податоци без лозинката кои ги остава или внесува во сајтот kafic.mk ќе бидат јавно прикажани и достапни на останатите корисници и посетители на сајтот.
  • Корисникот е должен да ги следи сите промени по правата и условите за користење на сајтот kafic.mk и да се информира за нивната промена. Користењето на сајтот kafic.mk и неговите услуги по направената промена во правата и условите за користење се смета за прифаќање на истите.
  • Кафич го задржува правото да ги користи содржините предоставени од регистрираните корисници за свои цели, во рекламни материјали за сајтот, печатени изданија и други медиуми. Превземањето и/или објавувањето на какви и да било содржини од сајтот без писмено одобрување од Кафич е забрането.

    Кафич има право да испраќа рекламни пораки на e-mail, Скајп, телефон и по пошта. Кафич не сноси одговорност односно содржината на рекламите кои се покажуват на корисниците под каква и да се било форма тие.

    Кафич не сноси одговорност за штети кои би можеле да произлезат заради невозможност да се користи дел од системот или целиот систем поради технички причини, независно од околностите поради кои е дојдено до тоа.

    Кафич има право до собира, архивира, обработува и користи податоците за употребата на услугата од страна на сите свои корисници, за цели како одстранување на проблеми во компјутерните системи, осигурување на заштита против неоторизирано проникнување во туѓи профили и за целите на рекламата.

    Кафич го задржува правото да му ги укине корисничките права на регистрираниот корисник без претходно да го извести за тоа, да испраќа e-mail-и и друга комуникација на електронската пошта на корисникот!


    При приложувањето и толкувањето на Правата и условите за користење на овој сајт важат Македонските закони.


    Последна промена: 05.10.2019