Апел за помош


Оваа мала принцеза има желби како другите деца. Ајде барем една од нејзините желби нека станат реалност. (Благодарност за Габи)

  • Споделете преку:

Би сакале да можете да ги видите нејзините очиња, нејзиното невино лице, сепак поради осетливоста на состојбата и нејзините годинки, се надевам доволно ќе е да и го слушнете гласот и нејзината желба....

Оваа мала принцеза има желби како другите деца...

И оваа мала принцеза заслужува се како другите деца...

Меѓутоа.... додека тие други деца си играат безгрижно на нејзина возраст, ова девојче е домаќинка, расте без мајка!


Расте со баба која е стара и глува, со татко кој има проблем со плуќата, кој неможе една ноќ да преспие во оваа мала соба бидејќи протекува и е полно влага...

НО НЕ СЕ ДАВААТ! СЕ БОРАТ!

 

Се прашавте каде е мајката?

Ја нема!

Овој човек некогаш гледајќи скромна иднина почнал своја куќа со нејзината мајка, и се одело на добро, ама само навидум. Еден ден само ја снемало. Заминала. Веќе 9 години никогаш не прашала и не го видела своето девојче. Како што останал сам со мало девојче се посветил на девојчето. Забот на времето о тоа започнато што е го нагризало.

Се е на товар на таткото, човекот кој се би дал за неговата ќерка, се би направил, човекот кој со грутка во грлото решил да побара наша подршка и помош.

Работа на тие години нема. Оди собира дрва да ги прехрани ама...пензиичката на бабата одо за лекови и по некоја сметка. После овој разговор малата ми шепна, "тета Габи, имаме компирчиња, ама не кажав" :).

 

ДАЛИ ОВАА КУКЛА БАРА ПРЕМНОГУ?

ПОКРАЈ СИТЕ ШТО МОЖЕТЕ ЗА ХРАНА, ОБЛЕКА И ПОКУЌНИНА, ПОМОГНЕТЕ И СО ГРАДЕЖЕН МАТЕРИЈАЛ ДА ГО ОСТВАРИМЕ СОНОТ НА ОВА ДЕВОЈЧЕ. ПЛОЧКИ, ГИПС ТАБЛИ, ЛАМИНАТ....

ГИ ЗАМОЛУВАМ СИТЕ ФИРМИ КОИ МОЖАТ ДА ПОМОГНАТ СО МАТЕРИЈАЛ ДА СЕ ОСПОСОБИ СОБА, КУПАТИЛО, БИЛО КАКО ДА СЕ ЗАШТИТИ ПЛОЧАТА КОЈА СОБИРА ВОДА, ДА ПОКАЖАТ ХУМАНОСТ

Семејството е од Тетовско!

АПЕЛИРАМ, ПОМОГНЕТЕ ПРЕКУ СМС СО МАЛА ДОНАЦИЈА ДА И ИСПОЛНИМЕ БАРЕМ НЕКОЈА ЖЕЛБА!

Mobile Payments by Fortumo